📷 НЕКОЈ ОСТАВИЛ ПОРАКА НА МАСАТА НА ЛАВРОВ Станува тензична атмосферата на Самитот на ОБСЕ во Скопје

„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, пишува Захарова.

1,904

Тензичната атмосфера на релација Русија-ЕУ на Самитот на ОБСЕ и натаму трае.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, објави фотографија за која тврди дека е направена во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.






Имено, на местото каде што треба да седне министерот на Русија, Сергеј Лавров, бил оставен лист на кој пишува „Резервирано за НАТО“ на англиски јазик.

„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, пишува Захарова.

Во меѓувреме, Лавров ја напушти просторијата, каде што се одржува состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ.

НАТО И ЕУ ЈА УНИШТИЈА ВОЕНО-ПОЛИТИЧКАТА ДИМЕНЗИЈА НА ОБСЕ Лавров бесен излезе од состанокот во Скопје

Поврзани содржини