📷 НЕКОЈ ОД КОЊ НА МАГАРЕ, А МИЛЕ ОД КОЊ НА ПАРАГЛАЈДЕР Генсекот на СДСМ го виде Крушево од птичја перспектива

Во очи на големиот празник Илинден, поддршка и промоција на оваа авантуристичка страна на модерно Крушево симболично дадоа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, објави СДСМ.

2,989

Откако владејачката СДСМ денеска објави дека партискиот генерален секретар Миле Зечевиќ со коњ тргнал кон Крушево по повод празникот Илинден, денеска објавени беа нови фотографии на кои се гледа како Зечевиќ лета со параглајдер.

„Модерно Крушево освен со своето културно и историско значење е најатрактивна дестинација за авантуристички туризам во Европа и во светот, домаќин на големи светски натпревари и на најпознатите параглајдеристи. Во очи на големиот празник Илинден, поддршка и промоција на оваа авантуристичка страна на модерно Крушево симболично дадоа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски“, објави СДСМ.






📷 ВИДЕЛ МИЛЕ КАКО ВМРОВЦИТЕ ГИ ПОТКОВУВААТ КОЊИТЕ Има и СДСМ коњи за марш на Илинден

Поврзани содржини