НЕКОЈ НА СКАРА, А НЕКОЈ НА ПРОТЕСТ Споен неработен викенд за сите
Синдикатите Денот на трудот ќе го искористат за масовен протест за плати.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 1 Мај 2022 година (недела), Денот на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани.
За Денот на трудот Сојузот на синдикатите најави голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.
Со протестот ќе се изрази револтот кај работниците од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата.
Главното барање е најмалку 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор од 1 мај 2022 година, вклучително од општиот работник до претседателот на државата.