НЕКОЈ ГО ПРЕДАЛ НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ „Вториот Гоце Делчев“ бил убиен на денешен ден кај скопска „Алумина“
Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов-Шарло бил исклучен од Партијата. Бил говорник на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и друго. Прилепчанецот ќе остане запаметен по тоа што бил упорен борец за создавање самостојна македонска држава.
Нерасчистено останува убивањето на народниот херој Кузман Јосифовски Питу познат и како „втор Гоце Делчев“. На денешен ден во 1944 година бугарски фашистички војник му пресудил и го стигнал кај некогашната фабрика „Алумина“, на само километар од неговата куќа во Трнодол од која успеал да се извлече, а целта била да избега од Скопје.
Она што не е познато е кој го предал овој маркантен лик на македонската народна борба. Бил еден од главните организатори на антифашистичкото движење. Истиот месец претходно му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност.
Прилепчанецот ќе остане запаметен по тоа што бил упорен борец за создавање самостојна македонска држава. Во својата илегална работа често патувал во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец.
Шпекулациите дека Темпо го има предадено не се докажани.

Тој е еден од иницијаторите за издавање на партискиот леток „Востаник“, кој подоцна е преименуван во „Братство“. Весникот претставувал единствен весник во тој период кој излагал со статии напишани и на македонски и на албански јазик, бидејќи бил дистрибуиран низ региони каде живееле и Македонци и Албанци.
Роден е на 23 јуни 1915 година во Прилеп, како трето дете на родителите Лефта и Цветан Јосифоски. Семејството на Кузман било работничко – тутунопроизведувачко. Домашните, како и прилепчаните го викаат со името Борко. Основното образование го завршува во родниот град Прилеп. Веднаш по воведувањето на монархо-фашистичката диктатура, ненародниот режим на стара Југославија, укинува голем број на средни школи, гимназии и учителски школи во Македонија.
Семејството на Кузман не располага со големи материјални средства, меѓутоа, сепак, успева да го испрати да го продолжи своето образование во Битолската гимназија.
Студирал на Универзитетот во Белград каде бил еден од предводниците на напредната студентеска младина. Станал член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Од 1939 година бил испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ.Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.
Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов-Шарло бил исклучен од Партијата. Бил говорник на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и друго.
Од 1940 година член бил на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Во октомври 1941 земал активно учество во организирањето и дејствувањето на првиот прилепски партизански одред, кој почна со нападот на участокот на 11 октомври 1941. Неговата активност во 1942та година, е забележана во западните делови на Македонија, каде успева да ги возобнови старите и да оформи нови ограноци низ Тетово, Гостивар, Мавровско, Дебар, Кичево и Струга.
Овој херој има три спомен плочи, една во истоименото училиште во населбата Козле, другата во бугарската амбасада во Скопје и третата во неговиот роден Прилеп, веднаш до Музејот „11 октомври“.
Кузман Јосифовски Питу бил еден од првите лица кои биле прогласени за народен херој заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев.