НЕКОЈ ГИ ОГРАБУВА СПОРТИСТИТЕ ВО ПАРИЗ Пријавени се 5 кражби во олимпиското село

Случаите на кражби во комплексот во кои се сместени олимписките спортисти ги потврди директорката на организацискиот одбор за комуникации Ен Дешамп.

319

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги потврдија денеска информациите објавени во францускиот печат за пријавени кражби во олимпиското село.

Случаите на кражби во комплексот во кои се сместени олимписките спортисти ги потврди директорката на организацискиот одбор за комуникации Ен Дешамп.






Реакцијата откако весникот „Паризиен“ информираше за пет случаи на кражби во олимпиското село.

– Навистина имаше инциденти, пријавени се во полиција. Во олимпиското село има строги мерки, но не можам да дадам информации колку лица се ангажирани за безбедноста – рече Дешамп.

Поврзани содржини