НЕКОЈ ДРУГ ЈА ПОСТАВИЛ БОМБАТА ВО КОЛАТА НА ДУГИНА? Наталија била уценувана, но не ја уби директно Дарја

Постојат и други мистерии во истрагата. Кога ја преминала руската граница, Наталија, поранешна членка на „Азов“, била русокоса, а во Москва станала црнокоса. Некој морал да ѝ помогне да изнајми стан во истата зграда во која веќе живееше Дарја Дугина на улицата Вернадского, во близина на метро станицата „Југозападна“. На паркингот нивните автомобили биле оддалечени само десет метри. Според други, фактот што „мини куперот“ на Наталија на кој таа толку вешто ги менувала таблиците, од украински, руски до ерменски, според некои потврдува дека украинските служби потпомогнати од Британците пробале да направат сѐ да биде скриено и да изгледа што поубедливо.

2,751

Младата новинарка Дарја Дугина не била убиена директно од Украинката Наталија Вовк, туку некој друг кој ѝ помагал на Наталија го поставил експлозивот во семејниот автомобил. Дека Украинката имала помош од други лица потврди и руската полиција која трага по нив. Според сестрата на Наталија, таа ја следела Дугина затоа што била уценета од украинската полиција поради проблемите кои ги имала со нејзиниот син Данило, кој бил мобилизиран во украинската армија, пишува српски Новости.

Дури, фактот што „мини куперот“ на Наталија на кој таа толку вешто ги менувала таблиците, од украински, руски до ерменски, според некои потврдува дека украинските служби потпомогнати од Британците пробале да направат сѐ да биде скриено и да изгледа што поубедливо.






Постојат и други мистерии во истрагата. Кога ја преминала руската граница, Наталија, поранешна членка на „Азов“, била русокоса, а во Москва станала црнокоса. Некој морал да ѝ помогне да изнајми стан во истата зграда во која веќе живееше Дарја Дугина на улицата Вернадского, во близина на метро станицата „Југозападна“. На паркингот нивните автомобили биле оддалечени само десет метри.

Во вторникот, по „Кримската платформа“, претседателот Зеленски им рече на новинарите дека Украина не е одговорна за убиството на Дарја Дугина, бидејќи таа не била државјанин на Украина и убиството не се случило во Украина.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека тврдењето на Зеленски е нова алка во синџирот на лаги. Захарова објасни дека во Украина постои екстремистичка веб-страница „Миротворец“, каде на списокот за ликвидација била и Дарја Дугина.

Поврзани содржини