НЕКАНЕТИ ГОСТИ КАЈ КАСАМИ Финансиска полиција му дошла за предмет на поранешен градоначалник
Јас тоа го ценам како политички притисок, изјави Касами кој присуствуваше на одбележување годишнина на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Финансиска полиција утрово дошла во Општина Тетово што градоначалникот Биљал Касами го оцени како политички притисок.
– Во кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок – изјави Касами кој присуствуваше на одбележување годишнина на Универзитетот на Југоисточна Европа.