„НЕКА ЗАМОЛКНЕ СЀ, ОДЛЕТА ЕДНО АНГЕЛЧЕ“ Северина се огласи по трагедијата во загрепското училиште

Невин, не ни зачекори во живот... О, Боже, зошто? Сè што можеме да направиме е да се молиме за учителката и за повредените деца. Сочувство до родителите…“, напиша хрватската пејачка Северина на својот профил на Инстаграм, во контекст на убиството во загрепското основно училиште.

448

Хрватската пејачка Северина се огласи по трагедијата во загрепското основно училиште.

“Нека замолкне сè. Одлета едно мало ангелче. Невин, не ни зачекори во живот. Вресок, болка и гнев. Неутешно. О, Боже, зошто? Сè што можеме да направиме е да се молиме за учителката и за повредените деца. Сочувство до родителите…“, напиша таа на својот профил на Инстаграм.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Трагичен настан ја потресе јавноста во Хрватска и целиот регион утрово кога дете од прво одделение било убиено во напад со нож во загрепското основно училиште „Пречко“. Повредени се наставник и три деца, а животот на наставничката е во опасност. Хрватскиот министер за здравство потврди дека едно дете починало, а меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие. Истрагата е во тек, пишуваат хрвтските медиуми.

Полицијата и итните служби се на терен.

НАПАЃАЧОТ ВО ЗАГРЕПСКОТО УЧИЛИШТЕ БИЛ РАСТРОЕН Се обидел да се самоубие пред една година

Поврзани содржини