„НЕКА ВИДИ ФИЛИПЧЕ ШТО ОБЈАВУВААТ НЕГОВИ СОРАБОТНИЦИ, ПА ПОСЛЕ НЕКА ГЛУМИ МАЈКА ТЕРЕЗА“ Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на Филипче дека тој води црна кампања

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за спинови и лаги, како и дека водат црна кампања како „резултат на целосна безидејност што друго да направат“. Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека нема да им дозволат да глумат „невини и нови ликови.“

715

Венко Филипче денеска имаше изјава на која не знаеме што да одговориме освен дека наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Негативна кампања води токму СДСМ. Нашето потсетување на катастрофата на нивното владеење не е негативна кампања, туку сурова реалност која ја живеат сите граѓани. И ако мислат ќе заборавиме, а до пред 1 година беа на власт и направија масакр од државата со кражби и уништување на институциите и предавства, тогаш се излажале.






Да дозволиме да ни глумат невини и нови ликови, со истите трикови како претходно кога ветуваа живот а сега ветуваат среќа, и кога очигледно се лицемерни и не се менуваат и сакаат да го излажат народот повторно, тоа нема да се случи. Нека си ги види Филипче Фејсбук профилите и Тик ток кампањата на негови соработници и луѓе кои ги плаќаат, каде најбрутални лаги и гадости пишуваат и измислуваат, па после нека глуми Мајка Тереза.

Разликата меѓу нас и нив е очигледна. Нив ги плаши реалноста и тоа што гледаат дека народот е против нив и никогаш нема да им заборави за злоделата кои ги направија а за кои имаат привремена заштита во обвинителството и судството. Тоа е тоа нивно лицемерие кое ни е познато и кое мора да се порази.

Тоа што зборува за МВР и разни наводни појави, наликува на алиби кое го договорил со својот ментор за да се задржи на функцијата. Ние во тоа не се мешаме освен дека ако има таква појава ја осудуваме, но сепак освен вакви панични изјави кога му стигнале последните анкети кои по наши информации го освестиле каде се наоѓа, почнува да бара алиби за да остане на тоа место. Веќе видено и познато сценарио. И народот го знае тоа. И ќе ги казни повторно затоа што не само што не се менуваат, туку упорно го потценуваат и навредуваат сопствениот народ.

За неговата состојба говори и фактот што човекот се плаши збор да каже за Заев, до толку е заложник и испреплетен во нивни взаемни интереси и бизниси. Тоа само по себе е индикатор за сѐ. И аларм за народот дека треба да ги казни. Македонија ќе победи и ќе се одбрани од истите трикови на СДСМ, кои ја доведоа до тешка состојба од која се трудиме да ја извлечеме“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека очајни се нападите од премиерот Христијан Мицкоски и дека тој нема ни резултати ни капацитет да ја води државата.

– Спиновите и лагите со кои што се служат премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на една целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении. Вистината е дека немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред. И во таква ситуација сѐ што прават – спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат држава, имаат одговорности, мораат да покажат резултати – рече Филипче, обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека води црна кампања.

Поврзани содржини