„НЕКА УМРЕ, НЕМА ПРИЧИНА ДА МУ ПОМОГНЕМЕ“ Вучиќ објави аудио-снимка од разговор на косовски полицајци кои не сакале да му помогнат на ранет Србин

Следевме што прави албанската полиција. За еден човек прашање е дали преживеал затоа што не сакале да му помогнат. Имаме звучна снимка на која албанските полицајци се смеат и велат: „Немаме причина да му помогнеме , нека умре“ - рече Вучиќ.

6,212

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција по повод драматичната ситуација на северот на Косово објави транскрипт од аудио снимка од кои може да се заклучи дека косовски полицајци не му помогнале на ранет Србин, и го сотавиле да умре.
Според Вучиќ, станува збор за разговорот меѓу специјалната единица на косовската полиција и неговиот наредник за време на пресметката со вооружената група Срби во Бањска, каде што очигледно е дека посакуваат смрт на Србинот и дека „нема штета“ ако ранетиот Србин се остави да умре.
„Адем, Адем, не се секирај“, се слуша машки глас на албански.
„А ако умре, ништо“, вели гласот на снимката.
Вучиќ ги обвини косовските специјалци за монструозно однесување.
– Следевме што прави албанската полиција. За еден човек прашање е дали преживеал затоа што не сакале да му помогнат. Имаме звучна снимка на која албанските полицајци се смеат и велат: „Немаме причина да му помогнеме , нека умре“ – рече Вучиќ.






Поврзани содржини