НЕКА ПОМИНАТ 10 ГОДИНИ, ПА ЌЕ ВЛЕЗЕШ ВО УКРАИНА Лидерот на бугарската партија Преродба заработи црн печат
Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.
На лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина.
– Забраната е изречена за период од 10 години – кажа Костадинов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.
Костадинов кажа дека без проблем ја минал молдависко-украинската граница, но неколку часа подоцна дознал дека го барале три различни украински служби – воената гранична, полицијата и Службата за безбедност (украинското контраразузнавање). Му бил одземен бугарскиот пасош и во тој момент, додека ја снимале постапката, го чувале четворица украински војници.
Костадинов постојано прашувал зошто е приведен од украинските власти. Му одговориле дека имаат информации дека е претседател на проруска партија во Бугарија. Потоа, Костадинов бил спроведен до украинско-молдависката граница.