НЕКА ПОДНЕСАТ ИНФОРМАЦИЈА ДО АНТИКОРУПЦИСКА Ивановска за аферата „Тајни имоти“ откриена од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денска  отвори афера „Тајни имоти“ во која тврди дека  123 актуелни функционери не прикриле податоци за инот вреден 30 милиони евра.

1,405

Доколку има лица кои не го пријавиле имотот во анкетниот лист, она што може Антикорупциската комисија е да изрече глоба доколку функционери имаат имот регистриран во Катастар, а не го пријавиле во анкетниот лист. Но, во случај да имаат имот кој не е заведен на нивно име во Катастар, тогаш тука има проблем, изјави за „360 степени“, Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

ВМРО-ДПМНЕ денска  отвори афера „Тајни имоти“ во која тврди дека  123 актуелни функционери не прикриле податоци за инот вреден 30 милиони евра.






Ивановска рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ има такви информации да поднесат пријави до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и тие ќе постапат.

-Ќе видиме за што станува збор. Надлежноста на ДКСК е да изврши проверка на анкетните листови, дали тие ги содржат сите податоци кои ги потврдуваме со прибирање и споредба на информации од надлежни институции, како што се Агенцијата за катастар, МВР, УЈП итн. Проверуваме дали тоа што е пријавено соодветствува со тоа што го имаат регистрирано институциите – рече Ивановска.

Исто така, рече таа, Антикорупциска прави проверки и по допрен глас, по годишниот план, по пријави од други лица…

Поврзани содржини