НЕКА ОДГОВАРААТ ТИЕ ШТО ГО ИЗГРАДИЛЕ ЅИДОТ На Ѓоргиевски му преостана да ја санира штетата

е се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината, вели градоначалникот на Кисела Вода.

2,281

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, во вестите на Сител рече дека изведувачите на потпорниот ѕид, којшто денеска попушти под обилниот дожд на булеварот Борис Трајковски, треба да понесат одговорност, бидејќи покрај материјалната штета можело да има и човечки жртви.

– Наше е да го обезбедиме овој потег, беше и МВР на увид и направија записник., Известени се сограѓаните од горниот дел на булеварот да ги преместат возилата. До вечер ќе се обезбеди целиот овој потег и да се внимава кога се вози од Драчево кон Центар. Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жртви. Ние посериозно ќе се позанимаваме со ова прашање“, рече Георгиевски.






На булеварот ,,Борис Трајковски” во населбата Пинтија, поради силното невреме кое го зафати овој дел на општината, падна голем потпорен ѕид кој е под надлежност на градот Скопје.

Поврзани содржини