НЕКА КАЖЕ ДЕКА ОДБИВА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИ! Остра реакција од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Груби за уставните измени

Груби денеска рече дека ако се отвора Уставот, тие имаат и други теми кои треба да се вклучат во уставните измени.

3,540

Вицепремиерот Артан Груби треба сериозно да си ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за наддавање како што е навикнат на принципите по кои се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако Груби денеска изјави дека го радува фактот што најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот.

„Наместо да се обидува да прави пазар, Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните. Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.






Груби денеска рече дека ако се отвора Уставот, тие имаат и други теми кои треба да се вклучат во уставните измени.

– Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот. Во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања – рече Груби по посетата на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

Поврзани содржини