НЕКА ИЗЛЕЗАТ СО ТВРДЕЊА И НЕКА КАЖАТ ЗАМЕШАН Е МИЦКОСКИ, А НЕ ВАКА КУКАВИЧКИ Премиерот го повика СДСМ да достави докази, наместо прашања за ИПАРД

Апсолутно ги отфрлам тие шпекулации, нека остават да работиме, ама да не стигне истагата до нивни функционери и министри и тогаш да ги видам нека излезат на прес-конференција, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи барањето на опозицијата да се прошири истрагата за злоупотребата на парите од ИПАРД.

266

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика опозицискиот СДСМ ако има докази за сторен криминал да ги достави до надлежните институции, наместо да поставува прашања на прес-конференции.

– Ние како Влада сме единствени што кога ќе забележат девијанто однесување веднаш регираат. Тоа е вистинската борба против криминалот и корупцијата и тие што се замешани се наоѓаат таму каде што трба да се најдат.  Јас ја повикувам опозицијата да не се затскрива позади прашања, туку да излеат со тврдења. Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во своите тврдења нека излезат и нека кажат, замешан е Мицкоски, замешан е тој и тој, затоа што вака е кукавички и не оставаат впечаток. И нека помогнат, јас јавно повикувам сите што имаат докази за злоупотреби нека ги достават доказите, за да делуваме – рече Мицкоски.






Тој ги отфрли тврдењата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска дека „скандалот со ИПАРД води во врвот во власта“.

– Апсолутно ги отфрлам тие шпекулации, нека остават да работиме, ама да не стигне истрагата до нивни функционери и министри и тогаш да ги видам нека излезат на прес-конференција – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на опозицијата да се прошири истрагата за злоупотребата на парите од ИПАРД. 

Кузеска обвини дека постоела шема за испумпување пари и дека се вршел рекет врз земјоделци.

Поврзани содржини