НЕКА БОЖИК НИ ДАДЕ СИЛА ДА СОЗДАВАМЕ ГОЛЕМИ ДЕЛА Мицкоски го честита големиот христијански празник
Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божик, порача премиерот Христијан Мицкоски.
„Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас. Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божик биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок. Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество. Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. Нека Божјата милост нѐ води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор. Христос се роди!“, порача премиерот Мицкоски.