Неизвеснота околу пристигнувањето на „Спутник V“ продолжува
Не постои граѓанин за кого не е обезбедена ревакцината, со секое пристигнувања на пратките, половина се планира за првата доза, а другата половина се чува за ревакцинација. Не постои можност за стопирање на процесто за вакцинација - вели Филипче
Засега сѐ уште нема точна најава за пристигнување на „Спутник V“ вакцината во земјава, рече министерот Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
– Секој понеделник согласно најавата пристигнуваат вакцините на „Фајзер“, тоа е количина од нашиот билатерален договор, дополнет со количината за солидарност од ЕУ, а стануа збор за околу 10.000 дози. Дополнително повеќе од 100.000 од истиот производител се најавени преку КОВАКС системот за месец јуни, но немаме точен датум и динамика на пристигнување – рече министерот
Филипче вели дека за руските вакцини сѐ уште нема најава кога ќе пристигнат во земјава, а вчера преку кинескта амбасада беше најавено дека во следните седум дена ќе дојдат 500.000 дози од производителот „Синовак“.
Запрашан дали постои опасност да нема вакцини за лицата кои треба да ја примат втората доза, министерот одговори дека процесот во моментов добро се менаџира и дека тоа нема да се случи.
– Не постои граѓанин за кого не е обезбедена ревакцината, со секое пристигнувања на пратките, половина се планира за првата доза, а другата половина се чува за ревакцинација. Па така тој процес воопшто не е ставен под знак прашање. Мислам дека тоа е добра стратегија, имајќи ги во предвид сите овие одложувања и покрај тоа што имаше најави дека ќе пристигнат други вакцини – вели министерот.