НЕИЗВЕСНО ДАЛИ НОБЕЛОВКАТА МАЧАДО ЌЕ ЈА ПОДИГНЕ НАГРАДАТА Зошто се крие венецуелската опозиционерка?

Лидерка на венецуелската опозиција, жена која предизвика трепет кај власта на Николас Мадуро. Таа исчезна од јавноста во август 2024 година поради закани за нејзиниот живот. Оттогаш, комуницира само преку доверливи канали, но продолжува да испраќа пораки за „слобода, правда и светлина во земјата на мракот“, јави „Волстрит Џурнал“.

839

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која ја доби Нобеловата награда за мир, можеби нема да присуствува на свеченоста во Осло, бидејќи веќе повеќе од една година се крие поради сериозни безбедносни закани од владата на Николас Мадуро.

Додека светската јавност го коментира доделувањето на наградата за која, меѓу другото, беше номиниран и американскиот претседател Доналд Трамп, се чини дека вниманието сега е кон биографијата на Марија Корина.






Според некои мислења, таа е симбол на отпорот, но и на стравот од актуелната власт во Венецуела. Мачадо повеќе од една година живее во тајност. Лидерка на венецуелската опозиција, жена која предизвика трепет кај власта на Николас Мадуро, таа исчезна од јавноста во август 2024 година поради закани за нејзиниот живот.

Оттогаш, комуницира само преку доверливи канали, но продолжува да испраќа пораки за „слобода, правда и светлина во земјата на мракот“, јави „Волстрит Џурнал“.

Марија Корина е родена во богато семејство во Каракас, таа студирала индустриско инженерство, а потоа завршила магистратура на Универзитетот Јеил. Влегла во политиката во времето кога Хуго Чавес ја редефинирал Венецуела. Со нејзината организација „Сумате“ ги документирала изборните манипулации и го предводела движењето за демократија.

Нејзините јавни настапи, остриот јазик и безрезервната поддршка за санкции против авторитарниот режим ѝ донеле и обожување и омраза. Но, токму нејзината решителност да се спротивстави на воената и политичка машинерија на Мадуро ја направи најопасниот непријател на власта.

Меѓутоа, зад нејзината политичка харизма се кријат и контроверзии. Некои поранешни сојузници ја обвинуваат за „елитизам“ и за „американски стил на демократија“, тврдејќи дека ја искористила опозициската борба за личен имиџ. Други, пак, ја бранат како „чиста совест на Венецуела“.

И додека во Осло се прашуваат дали Мачадо ќе може да ја прими наградата лично, во Каракас нејзиното име веќе станува мит.

 

Поврзани содржини