НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ ЗАРОБЕНИ ОД ХАМАС За нивно ослободување нема да се разговара додека не заврши војната

За време на масакрот што го извршија терористите во име на Хамас, кој го контролира Појасот Газа, повеќе од 200 луѓе беа киднапирани од израелската погранична област и однесени на палестинска територија на 7 октомври.

2,856

За ослободувањето на израелските војници кои се држат како заложници во Појасот Газа може да се преговара само по војната, изјави портпаролот на Хамас, Осама Хамдан

– За ова прашање нема да се разговара досека трае на израелската агресија на Појасот Газа и воопшто врз палестинскиот народ – изјави Осама Хамдан, кој живее во Либан.






Хамас сака да постигне ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори во замена со заложниците што ги зеде во изненадниот напад на 7 октомври. Во врска со прашањето за цивилните заложници, кои Хамдан ги опиша како „гости“, Хамас е во контакт со неколку земји, вклучувајќи ги Египет, Катар, Турција, Кина и Русија, додаде тој.

-Во интерес на Хамас е киднапираните да се вратат во своите земји. Ова, сепак, зависи од „безбедносните околности“ – рече Хамдан.

За време на масакрот што го извршија терористите во име на Хамас, кој го контролира Појасот Газа, повеќе од 200 луѓе беа киднапирани од израелската погранична област и однесени на палестинска територија на 7 октомври. Меѓу заложниците има и жени, деца, стари лица и странски државјани.

Поврзани содржини