Неизвесна судбината на Алиоски во Лидс, клубот донесе замена од Барса
Сега, се чини дека на Алиоски ќе му биде и многу полесно да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи Лидс ќе доведе мошне квалитетно засилување кое треба да биде силна конкуренција за нашиот Џани, доколку донесе одлука да остане на „Еланд Роуд“.
Судбината на Езџан Алиоски во Лидс се уште е неизвесна. На македонскиот репрезентативец му истекува договорот на крајот од месецов, а и покрај тоа што екипата од Јоркшир му понуди нов договор, Алиоски се уште нема донесено конечна одлука.
Сега, се чини дека на Алиоски ќе му биде и многу полесно да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи Лидс ќе доведе мошне квалитетно засилување кое треба да биде силна конкуренција за нашиот Џани, доколку донесе одлука да остане на „Еланд Роуд“.
Имено, доколку не дојде до некој драстичен пресврт во текот на денешниот ден, левиот бек на Барселона, Жуниор Фирпо ќе стане нов играч на Лидс Јунајтед со кого ќе потпише четиригодишен договор.
Преговорите меѓу трите страни одлично напредувале во текот на вчерашниот ден и проценката на шпанските медиуми е дека официјализацијата на трансферот би можела да се случи во рок од 48 часа.
Инаку, Фирпо во последните денови беше поврзуван интензивно со Милан, меѓутоа Лидс направи голем притисок, веројатно поради фактот што се поизвесно ќе останат без Алиоски, и успеа преку спортскиот директор Виктор Орта и тренерот Марсело Бјелса да го убедат 24-годишниот бек дека на „Еланд Роуд“ ќе има улога на еден од водечките играчи.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона од овој трансфер би требало да инкасира 15.000.000 евра.