НЕИЗВЕСНА ПОСЕТАТА НА ПЕТКОВ НА МАКЕДОНИЈА Премиерот и претседателот на Бугарија во самоизолација

Причината за тоа е што Петков и Радев, како и другите, присуствуваа на Советодавниот совет за национална безбедност на Претседателот на кој се расправаше за проблемот со Македонија, е контакт со лице заразено со ковид-19. Поточно станува збор за претседателот на народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирусот.

888

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков и началникот во неговиот кабинет Лена Бориславова се самоизолирани, а истото го сторил и бугарскиот претседател Румен Радев. Ова се случува една недела пред планираната посета на Петков на Македонија, која е на програмата на 18 јануари.

Причината за тоа е што Петков и Радев, како и другите, присуствуваа на Советодавниот совет за национална безбедност на Претседателот на кој се расправаше за проблемот со Македонија, е контакт со лице заразено со ковид-19. Поточно станува збор за претседателот на народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, кој е позитивен на коронавирусот.






Веста за позитивниот тест на Минчев дојде во понеделникот навечер. Во вторник наутро следеше одлуката на Петков и Бориславова да се изолираат, а набргу потоа и за одлуката на шефот на државата.

– Претседателот Румен Радев и претставниците на неговиот тим кои учествуваа на средбата се самоизолирани. Сите се во добра здравствена состојба. Преземени се мерки за нормално функционирање на претседателската институција – соопштија од прес-службата на Радев.

– Премиерот Кирил Петков продолжува да работи од далечина и е во постојан контакт со членовите на Советот на министри. Премиерот ќе биде сменет од вицепремиерката Калина Константинова за сегашните заложби во државата – соопштија од владината прес-служба.

На состанокот на советот покрај Минчев, Радев и Петков присуствуваше и Десислава Атанасова (ГЕРБ), Кристијан Вигенин (БСП), Мустафа Карадаи (МРФ), Тошко Јорданов („Има таков народ“), Христо Иванов („Демократска Бугарија“) и Костадин Костадинов („Преродба“). Според

Наредба № RD-01-610 од 22.10.2020 година на Министерот за здравство сите контакти на претседателот на Народното собрание се предмет на карантин во период од 10 дена. Така треба и сите што се присутни во советот да бидат ставени во карантин. Сепак, сè уште официјално не објавена одлуката за карантин на сите присутни.

Директорот на софиската РЗО, д-р Данчо Пенчев за БТА изјави дека законот ќе се почитува и сите учесници на Советот да бидат ставени во карантин.

– Во моментов, секој кој поминал време во затворена просторија со пациент со ковид-19 повеќе од 15 минути се смета за контакт. Лицата за контакт се ставени во 10-дневен карантин – изјави д-р Пенчев.

Поради ова под знак прашалник е посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на нашата земја. Како што претходно информиравме во придружба на бугарскиот премиер ќе бидат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев, а тие треба да се сретнат со мандатарот Ковачевски, кој до тогаш ќе ја преземе премиерската функција во Македонија.

Поврзани содржини