НЕИЗБЕЖНА Е ПРОМЕНАТА ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Силна поддршка за кандидатот Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ

На митингот присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за одбрана, Владо Мисајловски и други партиски функционери.

49

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите, порачаа синоќа од митингот во оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека рекордната посетеност и ентузијазмот на присутните покажале дека промена во градоначалничката позиција е неизбежна.






Кандидатот за градоначалник на општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски беше издвоен како носител на оваа промена. Неговиот говор и директниот контакт со граѓаните ги рефлектираа приоритетите за ред, отчетност и конкретни проекти што веднаш ќе го подобрат секојдневнието во општината. Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.

На митингот присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за одбрана, Владо Мисајловски и други партиски функционери.

Митингот на ВМРО-ДПМНЕ помина во позитивна и победничка атмосфера која јасно покажa дека волјата за промена е широка и силна.

Од ВМРО‑ДПМНЕ повикаа на масовен излез на гласачките места на 19 октомври за да се овозможи нов почеток.

 

Поврзани содржини