НЕИДЕНТИФИКУВАНИ ДРОНОВИ НАД АМЕРИКАНСКАТА БАЗА ВО РАМШТАЈН Германската полиција ги потврди летовите над критичната инсфраструктура
Првично, фабриката БАСФ во Лудвигсхафен беше погодена од тие прелети, а потоа следеа прелети со дронови над американската воздухопловна база во Рамштајн, изјавил портпарол на криминалистичката полиција во југозападна Германија.
Неидентификувани дронови се забележани во последните недели над чувствителна индустриска зона во Германија и американската воздухопловна база во Рамштајн, соопштија денеска полициски извори, потврдувајќи ги извештаите на медиумите.
– Неколку летови на дронови над критична инфраструктура се забележани во последните денови во Рајнланд-Пфалц. Првично, фабриката БАСФ во Лудвигсхафен беше погодена од тие прелети, а потоа следеа прелети со дронови над американската воздухопловна база во Рамштајн – изјавил неименуван портпарол на криминалистичката полиција во тој регион на југозападна Германија, пренесе Бета.
Летовите се одвивале во самрак. Дроновите можеле да се забележат на почетокот на самракот и биле јасно видливи во темнината благодарение на светлосните сигнали.
Уредите биле „поголеми од вообичаените комерцијални „хоби дронови“, додаде регионалната полиција.
Нема конкретен ризик за соодветните институции, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.