Нехамер: Австрија нема да толерира пренесување конфликти од Турција

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер ја даде оваа изјава откако продолжија немирите меѓу Турците и Курдите во Виена.

561

Во Виена синоќа, трета вечер по ред, дојде до физички судир меѓу Турците и Курдите, во кој се повредени и полицајци.

Како и во средата вечер, група Турци, за кои властите тврдат дека се поддржувачи на организацијата „Сивите волци“, ги провоцирале демонстрантите од левичарските организации и Курдите.






Вербалните провокации предизвикаа загревање на ситуацијата и пресметка на поединечни членови на двете групи.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека Австрија не толерира пренесување конфликти од Турција на австриските улици.

– Како општество и полиција, ние мора решително да се спротивставиме на овие радикални сили. Во правна држава, како што е Австрија, нема место за екстремизам – истакна Нехамер.

Тој додаде дека нападите врз полицијата се напад врз демократијата и правната држава.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг порача  дека тој нема да дозволи никој да го загрози мирниот соживот.

– Отфрламе секакво насилство затоа што за насилството нема место во нашиот град – истакна тој.

Министерката за интеграција Сузана Раб изјави дека не сака судири меѓу групи мигранти на улиците на Виена.

– Кој сака да живее во Австрија, мора да се придржува кон австриските закони и вредности. Во Австрија не смееме да дозволиме ситуација како во француските предградија – истакна Раб. 

Поврзани содржини