Неговото тело го пронашле во шума: Славниот пејач се прости од пријателот по кого трагаа со денови ФОТО

1,391

Пејачот на култната група „Ролинг стоунс“, Мик Џегер му оддаде почит на Инстаграм на својот починат пријател Питер Бирд, кој во неделата го пронајдоа мртов во близина на неговиот дом.

„Ме растажи веста за смртта на мојот пријател Питер Бирд. Беше визионер, уметник и фотограф кој не се плашеше да ризикува. Моите мисли се со неговата сопруга Нејма и ќерката Зара“, напишал Џегер на својот инстаграм-профил покрај неколкуте фотографии со Питер Бирд.






Телото на Питер го пронашле во шумата во близина на неговата куќа откако тој исчезна пред дваесетина дена. По него трагаа 75 полицајци, пожарникари и пријатели.

Освен со Мик Џегер, Бирд беше голем пријател со Енди Ворхол. а јавноста се интересираше и за неговиот приватен живот, со оглед на фактот дека се забавувал со многу супермодели и славни девојки.

Воедно беше и фотографот кој ја откри манекенката Иман, која подоцна се омажи за Дејвид Боуви.

Бројни славни дами се простија од Питер Бирд на социјалните мрежи

 

Поврзани содржини