НЕГОВОТО ИМЕ СÈ ПОЧЕСТО СЕ СПОМЕНУВА Азир Алиу за првпат прозборе за фотелјата во здравство
Според Алиу, приоритет во моментов било да се разговара со базата и да се надминат турбуленциите во партијата, а прашањето за ресорот здравство останува отворено.
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој е дел од Алијансата за Албанците – партија што останува во коалицијата Вреди, денеска изјави дека сè уште не е разговарано на ниво на партија дали тој ќе го преземе министерското место во здравство, откако Арбен Таравари поднесе оставка.
– Сè уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија – изјави Алиу.
Во јавноста веќе кружат информации дека токму тој би можел да биде новиот министер за здравство, откако Таравари ја напушти функцијата по одлуката на Претседателството на Алијансата за Албанците да се повлече од владината коалиција и да настапи самостојно на претстојните локални избори.
Според Алиу, приоритет во моментов било да се разговара со базата и да се надминат турбуленциите во партијата, а прашањето за ресорот здравство останува отворено.