НЕГОВИТЕ ЦРТЕЖИ ГИ НОСАТ РОНАЛДО И ЛЕ БРОН Грабулоски сам го направил „SWithADot“ (ФОТО)

„Е како бе од Скопје до Ле Брон стигнаа?!“, во неверување напишал тој. „Во оваа фаза – Swithadot е „no. 1 premium customizing studio“ во светот, па може да стигне до кого сака“, напишал Грабулоски на Фејсбук под сликата од патиките кои ќе ги носи кошаркарот Ле Брон по натпревари.

849

Започнал со маркер да црта на патики за една фунта со визијата да создаде уметност која ќе се носи, а која ќе нè одвои од другите и ќе нè спаси од просечноста во постиндустриското општество: Сатја Грабулоски од Македонија денеска црта за Најк, Адидас, Ванс, Конверз, а неговите дизајни ги носат Роналдо, Ле Брон, ги пробала Дуа Липа, но и нашиот Перо Антиќ … дизајни кои одат под името „SWithADot“, или „С со точка“.

фото: инстаграм/принтскрин





„Во далечната 2005 година, имаше еден дечко кој црташе на своите јуниорски-кошаркарски патики со постојани маркери. Во незгоден пресврт на настаните, дванаесет години подоцна, цел тим работи на неговата „луда“ идеја родена на паркинг кај реката Вардар во Скопје – ве тераат да сакате да го носите вашиот потпис на нозе“, пишува на сајтот на SWithADot.

„Кратките“ колекции на Грабулоски значат дека со неговиот дизајн ќе бидат произведени десетина пара патики, а сè се променило кога познати спортисти почнале да ги носат на терен … на пример, за Роналдо има само „еден од својот тип“ пар патики.

фото: swithadot.com/ инстаграм

„Ако оди (бизнис) моделов по планираната динамика, за десетина години можеби ќе успееш да дојдеш до најдобрите спортисти во светот“ – цитат од мој добар пријател откако му го претставив моделот Swithadot, со цел да стане no. 1 premium customizing studio во светот. Пет години подоцна (од кои една ипол година во криза), со портфолио од скоро 300 „А-tier athletes & celebrities“, додаваме уште едно (име) – Ле Брон Џејмс.“, неодамна напиша Грабулоски на својот Фејсбук и ја постираше сликата од патиките кои Ле Брон решил да ги облече.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)


А потоа продолжува:

„Е како бе од Скопје до Ле Брон стигнаа?!“, во неверување напишал тој. „Во оваа фаза – Swithadot е „no. 1 premium customizing studio“ во светот, па може да стигне до кого сака“.

Брендот на Грабулоски прифаќа идеи и цртежи од млади талентирани цртачи и уметници. Тој на својата веб-страница ги поканува луѓето да му праќаат „брилијантни“ идеи.

„Порака од професионалец до сите млади уметници и артисти. Изолирај се од дистракциите. Не очекувај ништо за возврат. Продолжи да создаваш“, објави тој на Фејсбук.

Поврзани содржини