НЕГУВАТЕЛКАТА ПАДНАЛА ДОДЕКА ГО ДРЖЕЛА Дете е тешко повредено

3,487

Во полициската станица Карпош синоќа во 21.50 часот, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03 август околу 17 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“, забележал дека со детето нешто не било во ред.

Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.






Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Поврзани содржини