НЕГОТИНО ДОБИ ИГРАЛИШТЕ ПО СТАНДАРДИТЕ НА ФИФА Ќе се игра фудбал во секое време

145

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов денеска го пуштија во употреба реконструираното фудбалско игралиште, чија обнова заврши во рекордно време.

Фудбалското игралиште во Неготино е направено по сите стандарди на ФИФА и ќе биде достапно за граѓаните во секој период од годината.






– Повеќе од 15 вакви игралишта планираме да бидат готови до крајот на летото. Еден убав проект, една убава работа што почнавме да ја правиме е да создадеме услови за најмладите, што е особено важно. Ние не можеме да бараме резултати, ниту пак зголемување на интересот на децата за спортот, во конкретниов случај за фудбалот, доколку не им создадеме услови. Ова е една наша акција што ќе продолжи и во иднина, ќе реконструираме што е можно повеќе спортски игралишта низ целата земја. Цениме дека тоа е патот по кој треба да се развива спортот затоа што ова има значење за сите граѓани, прво на локално, а потоа и на централно ниво. Прво ние треба да создадеме услови за што повеќе дечиња да се занимаваат со спорт, а потоа од таа масовност и квантитет да добиеме и квалитет – истакна Ристовски.

Тој изрази задоволство од брзата реализација на овој инфраструктурен проект на Министерството за спорт упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов за добрата соработка.

– Му честитам и му благодарам на градоначалникот на општина Неготино за добрата соработка, за брзото отпочнување на реконструкцијата на ова фудбалско игралиште и посакувам што повеќе млади спористи да го користат овој терен – додаде Ристовски.

Поврзани содржини