НЕГОТИНЕЦ ОБЈАВИЛ ВИДЕО ВО КОЕ ШИРЕЛ РАСИЗАМ И КСЕНОФОБИЈА ЗА ЖИТЕЛИ НА КРИВОГАШТАНИ Полицијата му стегна кривична пријава

Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак.

282

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од овој град, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„Тој на 20 октомври преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа. На 21 октомври во ОВР Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24 октомври од страна на 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено е пријавено, дека Љ.Т. на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Поврзани содржини