Неготинчанец мамел на интернет дека нуди работа во Германија

256

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.К.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во временскиот период од 13.03.2017 до 20.04.2019 пријавениот, лажно прикажувајќи факти преку интернет страна, објавил оглас за посредување при работа во Германија, со што го довел во заблуда Д.Е.(47) од Свети Николе, од кого барал за услугата да му уплаќа одреден износ на пари наменети за трошоци при посредувањето и од страна на оштетениот во повеќе наврати на трансакциската сметка на Д.К. во две банки бил уплатен вкупен износ од 1.564.870 денари

Поврзани содржини