Негативецот од Титаник сосема се променил: Малкумина ја знаат неговата животна приказна – има грчко потекло ФОТО
Били Зејн (55) се прослави со улогата негативец во филмот „Титаник“, кој имаше мисија да се венча со убавата Роуз (Кејт Винслет) и така да ја одвои од Џек (Леонардо ди Каприо).
По „Титаник“, актерот никогаш не глумел во филм кој постигнал толкав успех, а не само што му стагнирала кариерата, туку и неговиот имиџ е далеку од заводнички.
Меѓутоа, многумина не знаат дека овој актер всушност има балканско потекло. Имено, Били Зејн е роден во семејство на имигранти од Грција. И мајка му и татко му потекнуваат оттаму, а вистинското презиме му е Занетакос.
Сепак, после преселбата во Америка, неговите родители го промениле презимето во Зејн – кое е познато американско презиме. На овој потег се одлучиле за побрзо да се прилагодат на животот во Чикаго, каде што актерот пораснал.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб