НЕФИ УСЕИНИ ВЕЌЕ НЕ Е СОВЕТНИК ВО ОХРИД Дал оставка од лични причини

Претседателот на Советот Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.

108

Советот на Општина Охрид на денешната седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини, кој беше избран на последните локални избори од редовите на ДУИ. Претседателот на Советот Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.

– Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини – истакна Донев.






Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.

Oхридскиот бизнисмен и досегашен советник Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид.

Поврзани содржини