Секој вид насилство кон медиумските работници, било вербален или физички напад, претставува повреда на слободата и правото на информирање и на самата демократија, реагира Алијанса за Албанците по веста за претепувањето на новинарот Зоран Божиновски.
„Станува уште понедозволиво кога ваквите напади се насочени кон новинарите коишто ја покриваат корупцијата од високо ниво и коишто имаат откриено злоупотреби во највисоките државни функции. Одговорните за ваквите напади мора да се идентификуваат и да бидат најстрого казнети!“, повика Алијанса за Албанците.