НЕДОСТИГОТ НАСТАНАЛ ЗАШТО УЧИЛИШТАТА НЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ВРЕМЕ КОЛКУ УЧЕБНИЦИ ИМ ТРЕБААТ Јаневска се обидува да воспостави стабилен систем за снабдување

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека проблемот со недостигот на учебници во некои училишта е поради тоа што не пријавиле навреме колкав број им е потребен за замена на неупотребливите учебници.

396

Постои недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме, а за кое многу пати сме зборувале. Министерството за образование и наука (МОН) многу пати повикуваше што сѐ треба да се направи, изјави министерката за образование Весна Јаневска за проблемот со недостигот на учебници во некои училишта кои не пријавиле навреме колкав број им е потребен за замена на неупотребливите учебници.

По настанот „Градиме нови мостови“ во ОУ „Живко Брајковски“ во општина Бутел, Јаневска рече дека и во овој момент праќаат дописи до училиштата.






– Ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците, за децидно да им укажеме што, како и во кој период треба да направат, за во иднина да немаме вакви проблеми. За дел од проблемите бараме и изнаоѓаме решенија и голем дел од учебниците ќе можеме да ги надоместиме на разни начини, а во иднина се надевам дека повеќе ќе немаме вакви проблеми затоа што сметам дека веќе воспоставуваме стабилен систем за снабдување со учебници – истакна Јаневска.

На прашање во кои училишта има вакви проблеми, таа одговори „за жал, низ целата земја имаме такви примери“. Но, рече, веќе се обидуваат да обезбедат поголем број учебници. Дополнително, како што посочи, „има мала несоодветност во распределбата“, па некаде каде што има вишок ги префрлаат во училишта каде што недостигаат.

Поврзани содржини