НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 16 ДО 22 ЈАНУАРИ Бикот е оптоварен со темпото, Девицата размислува за погрешна личност
Јарецот треба да си посвети внимание на себеси, периодов не е совршен Водолијата да направи промени.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Фокусирани сте на некои новитети во бизнисот и пронаоѓате интересни методи кои се дефинираат во текот на работата. Тешкотиите со претпоставените ќе се манифестираат првенствено преку притисокот дека работата мора да се заврши пред крајниот рок. Дополнително, може да настанат големи непријатности доколку вашата работа е поврзана со комуникација или каков било вид сообраќај.
Љубов: Приморани сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Партнерот ви врши притисок за сето ова, па вашето незадоволство може да ескалира на сосема погрешен начин. Колку и да сте испровоцирани, одложете ја реакцијата и молчете..
Здравје: Пазете се од вируси.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Ве оптоварува темпото кое ве следи веќе некое време. Ве обесхрабруваат барањата од сите страни, како и финансиските обврски кои се наталожиле. Не ги обвинувајте другите затоа што се е на вас, сте презеле се на себе, па сега е време да истраете во тоа. Згора на сето ова, ви се нудат нови должности. Забавете малку и не прифаќајте сѐ што се нуди затоа што не сте семоќни.
Љубов: Сконцентрирани сте на ситуација што се случува во вашето семејство. Можни се и некои присилни промени на кои вие, сакале или не, ќе мора да реагирате. Склони сте да ги преувеличувате проблемите, затоа размислувате двапати пред да донесете одлука.
Здравје: Болка во грбот.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Ова се денови кога имате можност да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да бега, а вие ќе се вратите освежени. Дополнително, потрудете се деновиве да подмирите некои стари финансиски обврски и да ставите крај.
Љубов: Дојдовте до точка кога треба да направите биланс на вашиот љубовен живот. Саканата личност покажува мали сигнали дека нешто важно се менува во него. Тие мали промени се знак за работите кои доаѓаат. Како и да се позиционирате, вие сте на прагот на период во кој ќе се промени вашиот партнерски статус.
Здравје: Болка во синусите.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Ќе имате проблеми со вашите соработници. Вашата кариера би можела да тргне надолу ако брзате во големи зделки. Не ги продлабочувајте непријателствата со луѓе од кои зависите. Ова не е време за разрешување на какви било заплетки. Вашата искреност нема да обезбеди победа, колку и да сте во право.
Љубов: На овој план доаѓа возбуда, но и стрес. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во кое западнавте во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.
Здравје: Проблеми со алергии.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Подгответе се за важни одлуки. Не е време за двоумење, треба брзо да реагирате и да ја прифатите првата деловна понуда која пристигнува во овој период. Можеби на почетокот сè ќе изгледа бавно и невешто, но долгорочно сè што ќе започнете сега ќе има потенцијал да се развие во сериозно профитабилен бизнис во иднината. Бидете упорни и ќе успеете.
Љубов: Се предадовте на илузии, свесно дозволувате да ве совлада нереалната имагинација. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која ви испраќа порака дека ве почитува со своето учтиво однесување. Внимавајте да не направите вашата добронамерност да звучи како да имате задни намери.
Здравје: Главоболки.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Ви претстојат поволни вести поврзани со работа од минатото. Информациите доаѓаат од лице со кое имате деловен однос. Доколку темата на целата ситуација е нешто зад сцената, внимавајте бидејќи може да бидете изложени на манипулации и лаги кои ќе ве потресат. Намалете ги вашите очекувања на минимум за да не бидете оштетени.
Љубов: Сè повеќе размислувате за личност која во никој случај не е за вас. Подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за никакви задкулисни активности, ќе бидете експонирани. Одолејте се на искушенијата, само така ќе ги избегнете непријатните аспекти кои можат да ви го комплицираат љубовниот живот.
Здравје: Проблеми со стомакот.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Изненадувачките вести можат целосно да ја заматат вашата концентрација. Вашата целосна посветеност на одредена тема може скапо да ве чини овие денови ако дозволите важни детали поврзани со вашата секојдневна работа да се протнат покрај вас. Доколку сте на почеток на нов проект, постои можност една фаза да ја доведете до крај. Успехот е напред, но преку болен компромис.
Љубов: Тензијата сериозно се зголемува во вас бидејќи се соочувате со големи предизвици кои треба да ги решите. Добро функционирате кога сте под притисок, но во моментот кога работите ќе ги доведете до крај, ве следи забележлив пад на енергијата. Првиот што ќе го погоди вашето незадоволство ќе биде саканата личност.
Здравје: Болки во грлото.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Дури и за најмала заработка треба да се потрудите. Не играјте на картата на среќата, потпирајте се единствено на своите способности, труд, посветеност и жртви, само така ќе постигнете задоволителен успех. Сметајте на тешкотии со претпоставените. Кон крајот на неделата можно е благо подобрување на расположението, иако некои проблеми сѐ уште постојат.
Љубов: Доколку си дозволите нервозата и напнатоста да му ја пренесете на партнерот, големи се шансите да ја продлабочите кризата, која може да биде краткотрајна, а со тоа и да ја продолжите. Со помош на пријател ќе го вратите оптимизмот иако вистинските проблеми сè уште остануваат нерешени.
Здравје: Болки во коските.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Доаѓа значителна финансиска добивка, но во исто време и трошоци на кои не сте сметале. Не ве понесе помислата дека можете да го одложите плаќањето на вашите тековни сметки. Секоја идеја за комбинации на пари, знаете, ќе биде оневозможена. Бидете особено дисциплинирани овие денови, дури и во ситуации кои може да ви изгледаат безопасни.
Љубов: Паралелно со напнатата атмосфера која го карактеризира вашиот професионален живот, емотивните односи стануваат се понестабилни. Саканата личност е напната, а можна е дополнителна непријатност доколку почнете да се изговорите. Вие сте во фаза на целосно емотивно недоразбирање.
Здравје: Несоница.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Поради навидум доброто расположение, ги губите од вид реалните можности кои се пред вас. Големите планови и амбиции можат да бидат запрени со неочекувано неповолни одлуки на властите кои воопшто не ја разбираат вашата идеја и ја исклучуваат на самиот почеток. Сè што ќе започнете овие денови ќе оди невешто и ќе биде оптоварено со неочекувани пречки.
Љубов: Во центарот на вниманието се семејните односи, без разлика дали се тоа ваше или семејството на вашиот партнер. Жртвувањето е нешто што се очекува од вас, но овој пат не сте сигурни дали вашата вклученост е неопходна. Слободното време повеќе би сакале да си го посветите на себе, далеку од сите, вклучувајќи ги и најблиските.
Здравје: Внимавајте со лековите.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Успевате да избегнете контакти со луѓе кои ве оптоваруваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па сепак ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги слушавте. Немате трпение за работа. Деновиве сè повеќе ве привлекува идејата за краток одмор или барем мала пауза.
Љубов: Потребен ви е одмор, сепак, подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за вакви промени. Пристапете му на партнерот дисциплинирано и трпеливо, само така ќе избегнете транзити кои најавуваат можност за некаков пресврт што може да значи и крај на врската.
Здравје: Проблеми со дигестивниот систем.
Риби (20.2 – 20.3)
Работа: Оптоварени сте со мноштво обврски кои деновиве не ве задоволуваат. Можеби ќе се најдете среде голема група луѓе, вклучени во разговори за вашиот бизнис. Не двоумете се, бидејќи реализацијата на тие преговори ќе доцни. Одлуките морате да ги носите самостојно, навреме да се дистанцирате од надворешните влијанија бидејќи тие не ви се од корист во овој период.
Љубов: Не сте доволно упорни. Кога ќе наидете на првиот отпор, ги отфрлате работите како неважни за да ги прикриете вашите несигурности. Пред да го направите тоа повторно, запрашајте се што е поважно за вас, вашата сопствена гордост и суета или крајната цел од која сте се откажале.
Здравје: Проблеми со белите дробови.