НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 13 ЈУНИ – 19 ЈУНИ Близнаците ги очекува кавга со партнерот, Овенот треба да ги одложи работните обврски
На Раковите добро ќе им дојде малиот одмор кој ќе се одрази на нивната мотивација, Рибата го очекува одличен период во кој секојдневно ќе ја зацврстувате врската.
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Големиот број на проекти нема да ви дозволи да заминете на одмор. Издржете уште малку следи разведрување на деловен план. Плановите кои ги имате за во иднинa ќе биде потребно малку да ги одложите.
Љубов: Тежнеете кон подобрување на ситуацијата, но сепак околностите не го дозволуват тоа. Разговарајте со партнерот и обидете се да ги решите проблемите. Ќе добиете помош од некој поранешен близок пријател.
Здравје: Можна е појава на висок притисок
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: На работното место вообичаено ќе поминувате низ секојдневните работни задачи. Ќе бидат забележани вашите залагања на секое поле. Малата неизвесност на ситуацијата ќе предизвика нервоза на вашето лице, но потоа ќе преовладува среќата.
Љубов: Неповолна ситуација во која ќе преовладуваат кавги со партнерот. Нека не ве загрижува тоа. Ќе поминете низ тежок период од кој ќе излезете уште посилни.
Здравје: Смирете ги нервите.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: На работното место ќе имате значително подобрување на настаните. Ќе дознаете позитивна вест која на вас лично многу ќе ви одговара. Доколку паметно одиграте можно е да си обезбедите светла иднина.
Љубов: Проблематичен период во кој нема да имате разбирање за партнерот. Кавгите и незгодните ситуации ќе преовладуваат, но без грижа, ситуацијата ќе има позитивен крај.
Здравје: Можна е појава на проблеми со видот, избегнувајте го компјутерот.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Ќе имате мал одмор од работните задачи, а тоа поволно ќе се одрази на вашата мотивација. Наполнете се со енергија за достигнување на нови цели.а околностите кои ветуваат, не грижете се бидејќи резултатите ќе ги чекате подолго отколку што сакате.
Љубов: Одлична ситуација во која со партнерот ќе бидете сплотени. Заеднички ќе ги решавате проблемите и препреките. Уживајте во времето поминато заедно, вклучете ги и останатите блиски лица во вашите планови.
Здравје: Проблеми со притисокот.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Проблемите кои ќе ве стават во незавидна ситуација, ќе ви ги пореметат плановите кои ги имавте. Вашите колеги ќе ви подадат рака и ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат.
Љубов: Откако трезвено ќе ја согледате ситуацијата ќе сфатите дека кон вашите блиски лица не сте биле баш фер. Ќе имате можност да се поправите, па затоа искористете ја ситуацијата.
Здравје: Одлично.
Девица (23.8 – 22,9)
Работа: Ќе учествувате на конференција на која ќе ги претставите плановите, ќе бидете поддржани. Некои ќе се сомневаат во вашата способност, па затоа зафатете се со време за работа и докажете ги вашите можности.
Љубов: Денешните настани ќе ве освестат, па во иднина подобро ќе размислувате пред да направите нешто. Партнерот има добар предлог но вие немате смелост.
Здравје: Добро.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Неорганизираноста скапо ќе ве чини, можно е да го одложите одморот со цел да ги дозавршите обврските. Колегите нема да сакаат да ве покријат.
Љубов: Вашиот партнер не се согласува со вас и го нервираат вашите постапки. Вие постојано се обидувате да му помогнете на некого, а всушност му одмагате, па токму тоа и му оди на нерви на партнерот.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Финансиските средства, односно нивната големина максимално ќе ве разочара. Не очајувајте пронајдете начин да си ги зголемите приходите.
Љубов: Моменталните случувања не ви се од корист, па затоа обидете се да ја завртите ситуацијата во поинаков правец. Во спротивно постои можност партнерот да ве напушти. Оние кои не се во врска имаат можност да запознаат пријатна личност.
Здравје: Проблеми со притисокот.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Фрустрирачките моменти на вашето работно место ќе ве принудат порано да заминете на одмор. Некои муабети кои ќе ги слушнете од колегите сериозно ќе ве навредат. Не им замерувајте, тие имаат погрешни информации.
Љубов: Некоја романса која ви се случила неодамна можно е да добие повторување, доколку личноста според вас е квалитетен избор, обидете се да ја задржите подолго.
Здравје: Можни се повреди и скршеници, внимавајте..
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Ќе се обидете да изманипулирате некого, а ќе бидете прочитани. Повлечете се чекор назад и не бидете алчни за поголема позиција која во моментов не ја заслужувате.
Љубов: Незавидна ситуација во која ќе имате доста голема дебата со вашиот партнер која ќе се претвора во кавга. Не го повишувајте тонот, обидете се трезвено да преминете преку препреките.
Здравје: Избегнувајте ја директната изложеност на сонце.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Интересен период полн со проекти кои за вас се шанса за нови успеси. Не дозволувајте да ве обесхрабрат големите задачи.
Љубов: Поминувате низ прекрасен период во кој ги берете плодовите од трудот кој претходно сте го вложувале. Бидете со партнерот и најблиските постојано, колку е тоа можно.
Здравје: Одлично.
Риба (20.2 – 20.3)
Работа: Работните обврски и нивното извршување ќе се одвива одлично. Ќе се послужите со мали трикови со цел да си олесните, а за тоа нема никој да ви замери. Одлично се снаоѓате на состаноците.
Љубов: Одличен период во кој секојдневно ќе ја зацврстувате врската, оние кои не се во врска ќе имаат интересни можности. Семејството јасно ќе ви покаже колку многу му значите.
Здравје: Одлично.