Луксузна јахта и отмено летувалиште. Пејачката Неда Украден (70) ужива на одморот во Црна Гора, каде на своите обожаватели им се јавила од местото Портонови.
Таа споделила видео и неколку фотографии, а позирала во едноделен розов костим за капење и бела наметка, а сето тоа го надополнила со бел шешир и очила за сонце.
„Оле! Солеј“; напишала кратко со неколку соодветни емотикони од бранови, риби и сонце.
– Јас би била Неда, но некако не ми се вежба – ѝ порачала еден обожавателка.
Многумина се согласија дека пејачката изгледа одлично и волшебно, а пофалбите само се нижат.
Неда често објавува фотографии од одморот, а на секоја од нив повторно „заработува“ пофалби и комплименти.
Пејачката неодамна откри дека во текот на пандемијата добила неколку килограми вишок, но откри и како успеала да ги симне.
– Одлучив да ослабам со помош на липосукциската диета. На секои четири часа пиев здрави пијалаци и најчесто јадев месо и многу салати. За кратко време ослабев четири килограми и сега сум сосема задоволна од својот изглед – изјави неодамна Неда.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм