Неби Хоџа: Расправата беше помеѓу Лиридон Хоџа и Мендерес Кучи

1,066

Расправата во Стопанската комора на Северозападна Македонија не беше помеѓу мене и Мендерес Кучи, туку помеѓу Лиридон Хоџа и Кучи, вели за Плусинфо претседателот на Комората Неби Хоџа.

Претходно Плусинфо објави дека Неби Хоџа и Мендерс Кучи, експретседателот на Комората вчера на сотанок жестоко се искарале, и дека во два наврати дури била спречена физичка пресметка помеѓу нив.






Нејасно е зошто Неби Хоџа реагира отпосле, бидејќи Плусинфо разговараше со него и тој потврди дека имало кавга на состанокот на кој вчера имало обид од група членови на Комората на дневен ред да се стави иницијативата за избор на ново Собрание и смена на претседателот Хоџа.

Поврзани содржини