Независната граѓанска иницијатива Поинаку предлага: Цената на електричната енергија да се замрзне, а битолчани да имаат субвенционирана струја!

929

Битола, како најголема жртва во Македонија од производството на електрична енергија, не смее и нема да има поскапа цена на струјата. Напротив, битолчани мора да имаат субвенционирана струја поради последиците кои ги трпат од РЕК „Битола“.

Ова барање до Советот на општина Битола го упати Независната граѓанска иницијатива Поинаку, предводена од Габриела Илиевска, која на последните локални избори освои две советнички места.






Поради превенција од Корона вирусот, Поинаку смета дека не е време да повикува на протести и масовни собирања и затоа барањата ги постави по институционален пат.

Граѓанската иницијатива бара Советот на општина Битола да донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата наредна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на општина Битола.

Советот треба да донесе заклучок со кој бара Владата да донесе одлука со која се замрзнува цената на електричната енергија на нивото од 30 јули 2020 година, поради настанатата состојба со пандемијата со ковид-19 и економската криза во која се наоѓаат граѓаните.

Поврзани содржини