НЕ ЗНАМ ШТО ИМА ВО ВАКЦИНАТА, НО НЕ ЗНАМ НИ ШТО ИМА ВО БУРЕКОТ Ексминистерка објаснува зошто се вакцинирала

Хрватската ексминистерка Жељка Антуновиќ наведува список со причини зошто се вакцинирала, па пишува дека тоа го сторила за да не се разболи и не умре од корона, за да не ги зарзаи блиските, но и другите, за да ги гушне луѓето кои ги сака и со кои живее и за да короната стане само грд спомен.

969

По социјалните мрежи се шири објава на поранешната хрватска министерка за одбрана Жељка Антуновиќ, која објаснува зошто се вакцинирала против коронавирусот.

„Се вакцинирав против ковид. И не, поим немам што има во вакцината, ни во сите тие кои сум ги примила како дете, како што немам поим ни што сè впрочем има во лековите како Неофен или Андол, кои ги земам кога ме боли глава или кога имам температура, ниту што има во другите третмани како анестезија при операција или најобична поправка на заб, антибиотиците против воспаленија, ни во вакцината против тетанус, грип, против сипаници или во вакцините за деца. Му верувам на мојот лекар кога вели дека е потребно“, пишува таа на Фејсбук.






Таа истакнала дека не знае со сигурност што сè има во кроасаните, бурекот или во ќебапчињата.

„Немам поим што сè има и во другата храна која ја јадам, во пијалакот кој ги пијам“, вели Антуновиќ и додала дека не ги знае ниту состојките на сапунот кој го користи, шампонот или дезодорансот.

Потоа таа наведува список со причини зошто се вакцинирала, па пишува дека тоа го сторила за да не се разболи и не умре од корона, за да не ги зарзаи блиските, но и другите, за да ги гушне луѓето кои ги сака и со кои живее и за да короната стане само грд спомен.

Поврзани содржини