НЕ ЗНАЕМЕ ЗОШТО ПРИНЦОТ АЛБЕРТ КРИЕ Пријателите тврдат дека Шарлин била на раб на смртта
Принцезата Шарлин од Монако, речиси ќе починеше во Јужна Африка откако помина низ повеќе операции.
Пријателите на принцезата Шарлин од Монако тврдат за американските медиуми дека таа била во далеку полоша состојба од она што кнежевското семејство, односно принцот Алберт, го тврди и дека не е фер што сега зборуваат дека има психички проблеми откако принцезата помина речиси една година во тешки маки.
Пријателите на принцезата проговориле за нејзината состојба и откриле непознати детали за тоа откако било откриено дека неодамна таа била примена во установа за лекување надвор од Монако.
Откако принцезата Шарлин по 10 месеци престојување во Јужна Африка се врати дома, не престануваат да кружат гласините за неа. Сега нејзините пријатели тврдат дека состојбата со неа е посериозна отколку што се зборува.
„pи изгуби многу килограми“, изјавиле најблиските пријатели за неа за „Пејџ сикс“.
Нејзините пријатели велат дека сметаат дека кралското семејство во Монако не ја сфатила сериозно тежината на нејзината здравствена состојба.
„Неправедно е да се прикажува како да има некој вид на ментални или емоционални проблеми. Не знаеме зошто палатата не го кажува тоа и прикрива дека таа за малку ќе умреше во Јужна Африка“, изјавил извор додавајќи дека принцезата имала тешка инфекција на увото, носот и грлото, што резултирало со сериозни проблеми со синусите и голтањето, а кои произлегле од поранешните операции.
„Подолго од половина година не може да јаде цврста храна поради силните операции што ги помина. Течност внесуваше само преку сламка и изгуби речиси половина од дотогашната своја телесна тежина, исцрпена е и очајнички ѝ недостасуваат сопругот и децата додека беше во Јужна Африка“, открил близок извор до принцезата Шарлин и заклучил дека таа дефинитивно не го губи разумот ниту пак, страда од сериозни ментални проблеми.