НЕ ЗНААТ ШТО ДА ПРАВАТ СО ПАРИТЕ Роналдо и Георгина објавија нова фотографија, a сите зумираат еден детаљ (ФОТО)
Свршеницата на Роналдо повторно го привлече вниманието на следбениците со својот стајлинг.
Фудбалерот Кристијано Роналдо на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира со својата свршеница Георгина во приватен авион.
„Колку и да патуваме низ светот, во Португалија секогаш се чувствуваме како дома. Фантастично време, прекрасна храна и Португалците. Секогаш се радуваме на доаѓањето во нашата земја. Сега е време да се вратиме во Манчестер и да се концентрираме на нашите цели, но гледаме дека наскоро ќе бидеме заедно“, напиша Роналдо покрај фотографијата која собра речиси шест милиони лајкови.
Георгина позирала во крзнена бунда, а вниманието го украде лакираната чанта „Биркин“ чија вредност се движи од 5.000 евра па нагоре.
View this post on Instagram
„Ермес Биркин“ е најлегендарната чанта на сите времиња, до која и најбогатите тешко можат да стигнат. Некои од најевтините модели чинат над 5.000 евра. Долга е листата на ултрабогати клиенти кои со години чекаат на некој модел од оваа чанта.
Пред неколку години, во аукциската куќа „Кристи“ во Хонг Конг, ваква чанта беше продадена за неверојатни 380.000 долари, што ја прави најскапата чанта на светот.
Чантата „Биркин“ го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а создадена е во 1981 година.
На Георгина ова не ѝ е единствената чанта „Ермес Биркин“ што ја поседува (ги има најмалку шест), а со таква чанта можеше да се види и Роналдо.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм