Не запираат вработувањата во Влада, се бара советник и помошник
Платата на новите државни службеници се движи од 32.000 до 39.000 денари
Влада ќе вработи уште двајца државни службеници кои ќе земаат плата од 32.000 до 39.000 денари.
На оглас кој е објавен на станата на Агенцијата за администрација владата бара државен советник за општи и организациони работи и помошник раководител на сектор за стратегија, планирање и следење.Платата за советникот е 38.683 денари, додека за помошникот 32.866 денари.
Кандидатите за местото државен советник треба да го познаваат добро македонскиот јазик или еден од трите странски јазици кои се користат во ЕУ и да има завршено политички, економски науки или кинезиологија.
Предност имаат кандидатите со работно искуство во јавен сектор кои треба да имаат искуство од најмалку 6 годиниво и две години на раководно место. Оние кандидати кои имаат работно искуство во приватен сектор по струката треба да имаат стаж од 10 години од кои 3 години да биле на раководно место.
За ова место според планот за вработување се бара лице од македонска националност.
Кандидатите за помошник раководител на сектор за стратегија, планирање и следење, пак, треба да има завршено правни науки и работно искуство од најмалку 4 години во струката од кои најмалку 1 година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно работно место во приватен сектор.
За оваа работна позиција, според планот за вработување, се бара лице од албанска националност.