НЕ ЗАПИРА „ЛОВОТ“ НА БЕЗОБЗИРНИ ВОЗАЧИ Приведени 10 лица, возеле без возачки, биле пијани и со забрана

Најголем дел од санкционираните биле затекнати зад волан без возачка дозвола, а еден возач нападнал полицаец при приведување.

0

Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 10 возачи низ државата, додека со уште две лица биле извршени службени разговори поради безобѕирно управување возило. Најголемиот дел од санкционираните биле зад волан без возачка дозвола, а регистрирани се и случаи на возење со активна забрана и под дејство на алкохол.

Според информациите, дури 10 возачи управувале возило без положен возачки испит. По двајца биле затекнати во Битола, Скопје и Свети Николе, а по еден во Тетово, Кичево, Дебар и Крива Паланка.






Инцидент бил регистриран во Крива Паланка, каде возач кој бил лишен од слобода физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Дополнително, едно лице во Дебар управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана, додека во Скопје бил приведен возач кој управувал автомобил под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини