НЕ, ЗА ВОНРЕДЕН ДАНОК ЗА СИТЕ КОМПАНИИ Стопанската комора бара да се преиспита кризниот данок
Комората забележува дека новиот данок кој се воведува кај нас е суштинки различен од оној кој се воведе во другите држави.
Стопанската комора бара да се преиспита предлог- концептот за воведување на дополнителен данок на добивка за 2022 година, бидејќи тој отстапува од концептот да се воведе само за одредени компании кои профитирале од кризата, како што тоа го направија голем број држави. Сополнително според Комората државата со вовоедување на нов данок на крај на година создава несигурност нај потенцијалните инвеститори.
Своите забелешки, како што велат од Комората, веќе се искажани на одржаните работни средби во Министерството за финансии, а ги доставила и во писмена форма.
Комората забележува дека новиот данок кој се воведува кај нас е суштинки различен од оној кој се воведе во другите држави.
-Вонредниот данок на добивка кој во претходниот период беше воведен во други држави (таканаречен windfall tax) е со цел да се редистрибуираат дополнително остварените добивки на компаниите во конкретни дејности, односно да се обезбедат 2 дополнителни приходи од добивката на компаниите кои како резултат на нарушени односи на пазарот оствариле „екстра профит“, па со така прибраните средства да се финансираат заеднички добра – велат од Комората.
Оттаму додаваат дека кај нас ќе се оданочуваат сите компании без разлика дали профитирале од кризата или со сопствено залагање и инвестиции.
– Суштински важно е дека согласно предложениот концепт кај нас со вонредниот данок на дополнителна добивка за 2022 година ќе се оданочуваат сите компании, независно од дејноста која ја вршат и дали дополнителната добивка која ја оствариле компаниите се должи на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или се должи на раст на добивката на компаниите како резултат на нивното работење, односно како резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и сл. Така, со предложениот концепт на оданочување кој претпоставува споредба на остварениот просек на добивките во претходните четири години и добивката во 2022 година во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, а остварувале помала добивка, во споредба со потенцијално зголемената добивка во 2022 година, која би ја оствариле како резултат на инвестиции, зголемена ефикасност во работењето и зголемена продуктивност на вработените – појаснуваат од Комората.
Од Комората укажуваат дека ефектот кој се очекува од примената на овој данок во буџетот за 2022 година може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, а фактички нема да се зголемат приходите во буџетот.
– Исто така донесувањето на Закон за дополнителен данок на добивка на крајот на фискалната 2022 година, претставува репутациски ризик за државата и создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено, ако се има предвид дека соседните држави немаат воведено сличен данок- велат од Комората.