„НЕ ЗА БУГАРСКИ ДОГОВОРИ/УЦЕНИ“ Стотина граѓани протестираат пред амбасадата на Бугарија во Скопје (ФОТО)

Јазикот и идентитетот не се продаваат. Историјата на еден народ не е политичко прашање за кое треба други да одлучуваат за нас – рече еден од граѓаните пред насобраниот народ, а притоа ги повика следниот четврток да дојдат во поголем број.

1,110

Со извиците „Македонија, Македонија“ околу стотина лица со развиорени македонски знамиња го започнаа протестот пред бугарската амбасада во Скопје.

Како што може да се слушне и види од лице место, собраните граѓани го искажуваат своето незадоволство поради Протоколот кој беше потпишан од страна на двете министерства за надворешни работи.






– Јазикот и идентитетот не се продаваат. Историјата на еден народ не е политичко прашање за кое треба други да одлучуваат за нас – рече еден од граѓаните пред насобраниот народ, а притоа ги повика следниот четврток да дојдат во поголем број.

Затворена е улицата Теодосиј Гологанов од раскрсницата со булеварот Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква, па поради тоа припадниците на МВР ги пренасочуваат возилата по околните улици и булевари.

Поврзани содржини