НЕ ВО 2030, ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ВО 2027 ГОДИНА? Украинскиот шеф на шпионажа ја скрати прогнозата

Шефот на украинското разузнавање повторил дека „руската стратегија секогаш се темели на брзина и изненадување“, предупредувајќи дека Москва веќе го користи времето за да ги надомести загубите и да го обнови воениот потенцијал. Буданов нагласил дека Полска во моментот не е предвидена за окупација, туку за воени удари.

969

Русија ги скратила своите долгорочни воени планови и наместо околу 2030 година, се подготвува за можно директно дејствување против Европа најдоцна до 2027 година. Ова го изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-полковник Кирило Буданов, нагласувајќи дека Кремљ ја гледа својата иднина низ идејата за „империја што мора постојано да се шири“.

Според него, Москва ги смета западните земји за „слаби и неодлучни“ и токму затоа во иднината може да се обиде да ја прошири својата контрола кон западниот дел од континентот.






Балтичките држави се главна цел?

– На север нема каде – таму е Арктикот, потоа Америка. На исток пак е Тихиот океан и повторно Америка. На југ е Кина, што би било катастрофално. Затоа останува само западот – објаснил Буданов во своето интервју.

Тој посочил дека според најновите податоци, Русија ги разгледува балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија – како потенцијални цели за окупација, доколку се одлучи за директна агресија против Европската Унија и НАТО.

Полска ќе биде нападната, но не и окупирана?

Буданов нагласил дека Полска во моментот не е предвидена за окупација, туку за воени удари.

– Полска, според плановите кои ги имаме, се разгледува само за воена кампања, без заземање територија – рекол украинскиот генерал.

Овие тврдења доаѓаат во време кога Варшава интензивно инвестира во модернизација на својата армија, засилувајќи ја североисточната граница и набавувајќи нови американски системи „Патриот“ и тенкови „Абрамс“.

Шефот на НАТО предупреди на можна војна

Пред само неколку дена во Хелсинки се одржа првиот самит на земјите од источното крило на ЕУ, посветен на зајакнување на безбедноста и заштитата на надворешните граници на Унијата и НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во своето обраќање во Берлин изјави дека Алијансата веќе се наоѓа „во зона на ризик“ и дека заканата од Русија е „директна и растечка“.

– Следната цел на Москва е самиот НАТО, затоа мора да дејствуваме веднаш за да спречиме нова војна во Европа – рекол Руте, додавајќи дека Алијансата не смее да дозволи повторување на сценариото што Украина го живее веќе три години.

Русите, махери за „брзи изненадувања“

Киев инсистира дека ваквите предупредувања не се обид за паника, туку реална процена на безбедносната состојба. Украинските власти бараат Западот да ја зголеми воената и разузнавачка поддршка, бидејќи секое одложување може да биде фатално.

Буданов повторил дека „руската стратегија секогаш се темели на брзина и изненадување“, предупредувајќи дека Москва веќе го користи времето за да ги надомести загубите и да го обнови воениот потенцијал.

Во повеќе европски престолнини се одвиваат воени вежби и дипломатски консултации. Германија, Франција и Полска разговараат за формирање на заедничка европска одбранбена структура што би дејствувала паралелно со НАТО, со цел побрза реакција во случај на напад.

Аналитичарите предупредуваат дека периодот до 2027 година ќе биде клучен за стабилноста на континентот и дека Западот мора да ја третира оваа временска рамка со максимална сериозност.

 

Поврзани содржини