Не ви треба ПЦР тест или примена вакцина за да ја бодрите Македонија во Букурешт

За македонските фанови нема да биде потребен ниту ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против ковид-19.

1,124

Убава вест пристигна за македонските навивачи кои ќе патуваат на Европското првенство за да ја следат играта на нашата фудбалска репрезентација.

За македонските фанови нема да биде потребен ниту ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против ковид-19.






Оваа информација доаѓа откако во нашата земја се намалил бројот на позитивни случај на дневна и двонеделна инциденца на 100.000 жители. Поради намалувањето, Романија донела одлука Македонија да биде ставена на зелената листа и се укинува документ за ПЦР тест или доказ за вакцина.

Првиот натрпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија, а вториот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина.

Поврзани содржини