НЕ ВЕРУВАШЕ ВО ВАКЦИНИТЕ Од ковид-19 почина лидерот на антиваксерите во Израел
Тој пред да замине во болница ги информирал своите следбеници на Фејсбук дека се наоѓа во многу лоша состојба, но ги повикал да продолжат да се спротивставуваат на медицинскиот естаблишмент.
Израелскиот активист против вакцините за коронавирус Хаи Шаулијан, почина од ковид-19.
Тој бил сместен во Медицинскиот центар Волфсон во Холон каде што бил донесен во неделата во тешка состојба.
Шаулијан ги повика своите следбеници на социјалните медиуми да не се вакцинираат против вирусот под насловот: „Нема епидемија – вакцината е непотребна и опасна“.
Тој пред да замине во болница ги информирал своите следбеници на Фејсбук дека се наоѓа во многу лоша состојба, но ги повикал да продолжат да се спротивставуваат на медицинскиот естаблишмент.
„Јас сум во многу сериозна состојба. Не сум способен да зборувам или да одговорам на пораките. Верувам дека ќе го поминам ова, продолжете да се борите“, напишал тој.
Во Израел не веруваат дека неговата смрт ќе промени нешто во однесувањето на антиваксерите, бидејќи коментарите на неговите следбеници на социјалните мрежи не се промениле.